Колку тежи еден килограм

„Едно кило“ е реченица која честопати се слуша по пазарите во нашата држава, но колку тежи еден килограм?

На училиште учевме дека 1 кг е масата на тегот од платина и иридиум кој се чува во Париз, а од оваа година е воведена нова дефиниција: килограм е Планкова константа изразена како 6.62607015×10−34 kg⋅m2⋅s−1! Како дошло до тоа?

Кога единицата мерка за маса била воведена во 18-тиот век, била опишана како апсолутна тежина на волумен на чиста вода еднаков на еден кубен дециметар (коцка со раб од 10 см) или еден литар. Се разбира, оваа дефиниција не е доволно прецизна и зависи од чистотата на водата и атмосферскиот притисок.

Затоа во 1889 ја замениле со прототип направен од платина и иридиум сместен во Меѓународното биро за тегови и мерки во Франција. Се работи за еден од трите органи кои раководат со Меѓународниот систем на мерни единици (SI).

Платината и иридиумот се густи, цврсти и отпорни на оксидирање и магнетизам, а копии од овие тегови има на повеќе места во светот. Така го дефиниравме килограмот и така го учевме на училиште.

Стандардизирана мерка за тежина е битна не само за купување компири на пазар, туку и за мерење на телесна тежина, рецепти за готвење, за трговијата, научните експерименти итн.

Во светот постојат многу копии кои произлегуваат од оригиналниот пртотип и се мерени според него и на тој начин се калибрираат сите стандардни тегови во светот.

Сепак, научниците лобираат за замена на оваа мерка со нешто поапстрактно. Познато е дека прототипите на теговите со годините губат малку од тежината, сепак мерена во микрограми. Но, за науката тоа е битно. Научниците сакаат килограмот да не се дефинира како парче метал, туку како константа во природата.

Тоа се случи со сите мерки. Килограмот е всушност последна и сега се дефинира преку земање на фиксна нумеричка вредност на Планковата константа (најмала возможна физичка акција) од 6.62607015×10−34 изразена во kg⋅m2⋅s−1, каде метарот и секундата се дефинирани во термини на c и ΔνCs.

Дознајте повеќе во видеото и среќно учење на новата дефиниција ученици!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *