Ако мислите дека идејата за заоблени, аеродинамични автомобили е понова, грешите. Во американскиот дизајн во 1930-тите сѐ било заоблено и елегантно, вклучително и автомобилите.
Но, со побарувачката за поголеми автомобили и паѓањето на цените на бензинот, аеродинамичниот дизајн му отстапил место на „коцкестиот“. Секој автомобил можел да се подели на три квадрати, хауба, кабина и багажник.
Сепак, во Европа, каде што бензинот бил поскап, аеродинамичниот дизајн бил битен. Така се јавиле спортските и поскапи модели, но во 80-тите бил развиен концептот на вакви автомобили и за обичниот потрошувач. Со судирите на Блискиот Исток и скокањето на цените на нафтата и САД се заинтересирале за ваквиот дизајн.
Така ерата на незграпните автомобили со остри агли конечно завршила во 90-тите. На југовците, за жал, никој не им ја пренел веста.
