Магелан ни открива нови светови

Дали знаевте дека нашата галаксија припаѓа на локалната група галаксии од над 30 галаксии (вклучувајќи џуџести), со гравитациското средиште некаде помеѓу Млечниот Пат и галаксијата Андромеда?

Една од тие галаксии е Големиот Магеланов Облак (The Large Magellanic Cloud, LMC). Оддалечена е околу 163.000 светлосни години од нас и се работи за наш најблизок сосед.

Има дијаметар од 14.000 светлосни години и според маса е околу 100 пати полесна од нашата галаксија.

Млечниот Пат и LMC се очекува да се судрат за околу 2,4 милијарди години.

Пред да се случи тоа, погледнете ја оваа извонредна фотографија (висока резолуција тука) која ја имаат направено астрономи аматери.

Фотографијата има 204 милиони пиксели и за да ја направат им требало 1060 часови што претставува своевиден рекорд во светот на астрономската фотографија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *