Компанијата Пепси влегува во партнерство со Руската старт-ап компанија StartRocket за билборд во орбитата на Земјата кој ќе рекламира руски енергетски пијалак.

Tехнологијата подразбира користење на јата од мини сателити наречени CubeSats кои треба да проектираат реклами на ноќното небо во ниската орбита на Земјата

Иако Пепси ги демантираше овие тврдења кои се појавија првпат на сајтот Futurism, сепак други извори тврдат дека рекламата за енергетскиот пијалак Adrenaline Rush се очекува да се појави во 2021 година. Од Пепси тврдат дека кампањата е насочена кон разбивање на стереотипите и предрасудите кон гејмерите.
Астрономите се загрижени за ваквиот потенцијален тип рекламирање заради вселенските отпадоци и светлинското загадување.