Tesla vs. Тесла, втора рунда

Во првиот дел (првата рунда) на овој текст зборувавме за една реклама направена од фан на Тесла (и на Тесла).

Зборувавме за „гревовите“ на рекламата, како и за слоганот „For the mad scientist in us all” и прашавме „од каде произлегува митот за лудиот научник Никола Тесла“?

Митот произлегол од пропагандата на Едисон, како и од медиумите, како што е филмот. Се сеќавате на анимираниот филм Супермен и епизодата со Тесла?

Никола Тесла е претставен како луд научник кој сака да го уништи светот. Вистината е дека тој бил ексцентричен, колку што бил и Леонардо да Винчи или Исак Њутн, но не бил луд, ниту сакал да го уништи светот. Неговиот труд на полето на оружјето било со цел да се спречат војните, наместо да се војува. Кога веќе го споменавме Леонардо да Винчи, тој самиот имал еден голем арсенал од оружја наменети поефикасно да убиваат луѓе, па никаде во историјата не е споменат како луд уметник.

Изум на Да Винчи, машина со сечила уредно позиционирани да ги сечат нозете на противничката војска

Некогаш некои работи остануваат во човековата психа долго време откако ќе се покажат како неточни, како верувањето дека ниското чело е знак на недостиг на интелигенсија, што потекнува од френологијата на Franz Joseph Gal, одамна надмината теорија, која имала интересен позитивен ефект на науката од аспект на докажување дека одредени делови од мозокот имаат одредена функција. Тврдењата дека челото или формата на главата имаат влијание на психичките функции одамна е надминато. Сепак, тоа останало врежано (во челото?) на луѓето.

Како заклучок од оваа приказна би ве оставиле само со идејата дека е битно да се биде скептичен и да не се прифаќа се што ќе се види, прочита, слушне… всушност – време е да ги испитате тврдењата од овој (и првиот) текст!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *