Tesla vs. Тесла, прва рунда

Погледнете една реклама направена од фан на Тесла (и на Тесла).

Колку и да е интересна, сепак е грешна на неколку нивоа. Да објасниме.

Познато е дека самиот Илон Маск, на прашањето „Тесла или Едисон“, на разочарување на сите идеалисти одговорил „Едисон“, иако неговата компанија го носи името на генијалниот и несреќен научник Тесла. Сепак, за оние кои се интересираат повеќе, Илон Маск всушност не е основач на компанијата Tesla.

Но, ако размислиме подобро, одговорот на Маск е сосема логичен.
Никола Тесла бил неоспорно генијален, неговите пронајдоци го сменија светот, но во областа на промоцијата и пробивањето на неговите идеи во однос на Едисон, Тесла бил перо-лесна категорија, додека Едисон „непоразен неоспорен шампион во тешка категорија на светот!“

Едисон бил подготвен да убива животни за да покаже колку е опасна алтернативната струја на Тесла, иако таа била поефикасна од директната струја на Едисон, а веројатно и самиот го знаел тоа.

„Мртов слон,“ пропагандно-уметничка инсталација на Едисон

Тој не ја измислил светилката, но крвнички се борел да произведе комерцијална верзија, со помош на тимот безимени научници кои работел во негово име, и успеал. Денес светот го памети Едисон како изумител на светилката, додека Тесла не е запамет ни како инвентор на неговите сопствени изуми – пр. радиото.

Затоа, Маск е „за“ Едисон, наместо Тесла. Се разбира, тоа не го оспорува значењето на Маск, но појаснува многу нешта за тоа како функционира светот.

За крај, некој кој е фан на Тесла би требало да знае дека слоганот „For the mad scientist in us all” произлегува од само уште една неправда нанесена на Тесла. Од каде произлегува митот за лудиот научник Никола Тесла, дознајте наскоро во втората рунда на Tesla vs. Тесла.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *