Ако не ви е доволно сознанието дека Леонардо да Винчи бил уметник и проучувач на анатомијата, ботаниката, историјата, дека бил инженер, научник, музичар, писател… тогаш на списокот можеме да додадеме и картограф.
Неговите мапи не биле вообичаени за тоа време (цртеж на градот од рид), туку тој правел иконографски мапи кои изгледале како да се снимени од сателит, и тоа во правилни пропорции, во 1502 година!
Се работи за градот Имола, а начинот на кој тоа го извел Леонардо е навистина фасцинантен. Иако не се знае со сигурност се претпоставува дека користел компас, диск кој може да мери агли и мерач на растојание (odometer).
Резултатите се зачудувачки точни за времето и средствата, но и не толку чудни – сепак, за Лео се работи!