YouTube интерактивна телевизија

YouTube работи на програми од типот „избери-сам-авантура“.

Претпоставуваме дека програмите ќе бидат слични на “Black Mirror: Bandersnatch,” возбудлив интерактивен филм, со малку сомнителни „обиди се пак“ моменти и трип под дејство на дрога во функција на изговор за повторување на дејството. Се работи за прв интерактивен филм за возрасни од Netflix кои имаат издадено повеќе детски интерактивни програми.

Овој „жанр“ веројатно ќе биде идеален за филмови со научно-фантастична содржина како „Враќање во иднината“, но како ќе функционира во другите жанрови останува да видиме.

Секако, со оваа техника ќе може да се раскажуваат повеќедимензионални и комплексни приказни што е позитивна работа, но прашањето е колку гледачите воопшто сакаат да влијаат на исходот на приказните, наместо да се опуштат и едноставно да уживаат во она што им го подготвиле сценаристите и режисерите. Останува да видиме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *