Добредојдовте во вселенската ера!

Се повеќе нации се вклучуваат во вселенската трка. Неодамна беше објавено дека младата Грчка вселенска агенција (ELDO) потпиша договор со НАСА. Една од целите е да испратат роботска мисија на Месечината во 2022.

Словенија исто така планира да лансира сателити во орбитата, како и нано-сателит.

Израел за жал имаше неуспешно слетување на Месечината, но во вселенската трка неуспесите се дел од процесот. Во ова видео ви откриваме за десетиците неуспешни лансирања и изгубени животи на првите руски космонаути.

Денес не се зборува повеќе за „војна на ѕвездите“, и не мислиме на филмот, туку на Стратешката одбранбена иницијатива (Strategic Defense Initiative или SDI), предложениот систем во 1984 за одбрана на САД со ласери, оружја со зраци од честички и системи со проектили од вселената.

Денес зборуваме за мировно истражување на вселената од научни или потенцијално економски цели. Вселенска трка беше термин користен за време на Студената војна, но денес со вклучувањето на млади нации кои не се светски супер-сили и на приватни компании, повеќе одговара терминот – вселенска ера.

Добредојдовте!



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *