RoCycle е најнов робот кој може да ја сортира хартијата и пластиката со помош на допир! Дали тоа ве потсетува на нешто?
Анимираниот филм WALL-E (2008) е емотивна приказна за малиот робот кој собира отпадоци кои ги оставиле луѓето на напуштена планета откако не можеле веќе да се справат со отпадоците. Се работи за моќна порака и предупредување за сегашноста и иднината.
Единствено решение е рециклирањето и што повеќе работиме на тоа прашање ќе ни биде подобро. Мора да селектираме правилно и да рециклираме соодветно. Лично сум пишувал на оваа тема во повеќе наврати.
RoCycle е интересен и практичен асистент за рециклирање кој користи сензори на неговите роботски раце за да ја одреди природата на тоа што го сортира. Параметрите според кои го прави тоа се: големина, цврстина, еластичност и присуство на метали. Рацете на роботот се програмирани како лева и десна заради поголема подвижност.
Сепак, и покрај се, неговата точност е 85 проценти кај статични објекти, а 63 на лента која се движи, а да не зборуваме за комплексните реални ситуации. Што ако некој стави лименка од кока-кола во кутија од пица? Следниот чекор е спојување на сензорите за допир со тие за вид.
Се предвидува дека во иднината оваа технологија ќе го смени рециклирањето, но уште е рано за тоа.