Човекот кој можел да биде Бил Гејтс

Познато е дека Бил Гејтс станал милијардер поради неговиот одличен сенс за бизнис и идејата да не го продаде својот софтвер на една компанија, туку со секоја посебно да склучува „неексклузивни“ договори кои му овозможиле да го продава неговиот прозивод по висока цена на конкурентни компјутерски компании.

Но, малку е познато дека кога ИБМ му пристапиле тој настапил како да има готов оперативен систем за нивните компјутери. Вистината е дека немал и дека го откупил од друга компанија која го украла од
Гери Килдал (Gary Kildall) и неговиот CP/M operating system. Така настанал MS DOS кој подоцна станал Microsoft Windows и останатото е историја.

Погледнете повеќе за неверојатната историја на Мајкрософт, Бил Гејтс и несреќниот и помалку познат Гери Килдал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *