Black Mirror или The Twilight Zone?

Серијата Black Mirror е возбудлива, непредвидлива, интригантна и намерата на креаторите да шокираат е повеќе од очигледна.

Епизодите како “Hated in the Nation“, “Be Right Back” или “Nosedive” ги истражуваат модерните проблематики на роботиката, вештачката интелигенција или социјалните медиуми.

Кинематографијата и специјалните ефекти се на високо ниво, во согласност со модерните серии чии епизоди се повеќе наликуваат на висококвалитетни филмови. Но, се поставува прашањето, дали се крие нешто повеќе зад модерните теми и скапите специјални ефекти. Помеѓу Black Mirror и Зона на самракот (The Twilight Zone, 1959) можеме да пронајдеме многу сличности.

Се разбира дека оригиналната црно-бела серија се занимавала со актуелни тематики, но таа воедно и најчесто истражувала прашања кои се суштински за човековата природа, примарните стравови, дилеми, егзистенцијални прашања. Кои сме, од каде доаѓаме, каде одиме…

Епизодите како ‘TIME ENOUGH AT LAST’ (1959), ‘IT’S A GOOD LIFE’ (1961) или ‘THE MONSTERS ARE DUE ON MAPLE STREET’ (1960) се разбира немаат толку техничка совршеност, но создаваат атмосфера која допира на едно многу посуштинско ниво.

Black Mirror ми се допаѓа, но ако морам да бирам, Зона на самракот е мој фаворит, се разбира оригиналната сезона, а не разните римејкови, воедно и најновата The Twilight Zone од 2019 година. Иако се работи за дело на Jordan Peele, мрачниот ум зад оригиналното и креативно хумористично дуо Key & Peele (2012–2015). Проценете сами.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *