Cobra Kai, втора сезона

Серијата Кобра Каи (Cobra Kai, 2018) е заснована на филмовите од серијата Карате Кид (Karate Kid, 1984). Дејствието се случува 34 години по првиот филм.

Серијата е интересен феномен кој спојува неколку клучни елементи за популарна и квалитетна приказна.

1) Носталгија – според статистиките најгледаната серија на Netflix не е некоја од актуелните модерни серии, туку – верувале или не – серијата Пријатели (Friends, 1994)

2) Ретро-сегашност – 80-тите се популарни! Тоа можете да го забележите по темните очила во стилот на еден друг Кобра, или по сериите како Stranger Things (2016) или Black Mirror: Bandersnatch (2019)

3) Поинаква гледна точка – ако во филмовите од серијата Karate Kid сме ја гледале приказната од очите на Даниел, тука ги гледаме работите од аспект на Џони. Тоа носи свежина во приказната.

4) Повеќедимензионални ликови – Двата главни ликови, како и придружните, не се еднодимензионални ликови како во американските филмови од 80-тите и 90-тите. Тие се луѓе од крв и месо, со сите нивни предности и недостатоци, а тоа младата публика го сака. Нивната телевизија е YouTube, домашни снимки од реални луѓе.

5) Возбудлива приказна – Приказната ги спојува сите досега споменати точки во возбудлива мешавина совршена за гледање на целата серија на екс!

БОНУС клучен елемент: Анти-херој

Веќе споменавме дека приказната ја гледаме од поинаков аспект, но клучното е чиј аспект? Го гледаме Џони Лоренс како од популарно момче станува „губитник“ и алкохоличар, разведен и разочаран, но полека ја враќа контролата врз сопствениот живот и станува победник.

А знаеме дека архетипскиот американски лик е тој кој по голема трагедија и наспроти сите превирања на крај успева, за разлика од европската филмска традиција во која ликот се соочува со навидум безначајни пречки кои во текот на дејството растат и на крај го победуваат – зашто тоа е животот.

Сепак не, животот и реалноста се Aмерика, сите, сакале или не, ја гледаме со нивната призма – тоа е моќта на медиумите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *