Дали можеме да ги видиме атомите?

Кога некој би ве прашал: „Како изгледа атомот?“ повеќето би нацртале нешто вакво:

Сепак, се работи за неточен и отфрлен модел на атомот уште пред 100 години. Интересно е колку е таа слика за структурата на атомот вградена во свеста на луѓето.

Втората претстава која ја имаат луѓето е т.н. „планетарен модел“, претстава која веројатно ни се допаѓа поради нејзината блискост со нашиот Сончев систем.

Сепак и овој модел е неточен. Но, што е тогаш вистинито? Точниот модел е квантниот модел:

Но, дали можеме едноставно да ги видиме атомот под микроскоп и да кажеме: „Аха, еве го како изгледа!“?

Вистината е дека никој го нема видено атомот, ако под „гледање“ подразбирате оптички микроскоп. Најмала големина која тој може да ја види е половина од бранот светлина (400-700 нанометри). Атомите се големи околу 0.1 нанометри. Веднаш „гледате“ каде е пречката.

Но, наместо светлина (фотони) може да се користат електрони – оттаму терминот „електронски микроскоп“ кои можат да имаат резолуција до 0.05 нанометри – полн погодок! Но, сепак и тоа не е доволно.

За да „видиме“ атом потребен е т.н. scanning tunneling microscope (STM). Без навлегување во многу детали, оваа машина би можела повеќе да се нарече сонограм, отколку микроскоп. Таа го мери растојанието до објектот кој се „гледа“, а во случајот на атомот густината на електроните околу атомите, и така прави слика. На тој начин се добиени овие слики:

И ете, тоа е тоа – атоми баш какви што ги замислувавме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *