Кои се границите на човештвото?

Колку далеку ќе можеме да патуваме во иднината со постоечките физички ограничувања? Сепак, дури и со помош на научната-фантастика, постојат граници на достижното.

Млечниот пат е спирална галаксија со дијаметар од 100.000 светлосни години. Тоа значи дека на светлината (најбрзото нешто во вселената… освен самата вселена – но тоа е тема за друг текст) ѝ требаат 100.000 години за да стигне од едниот до другиот крај на нашата галаксија.

Ако патот од дома до најблискиот супермаркет ви се чини далечен, помислете на средната оддалеченост помеѓу ѕвездите во нашата галаксија која изнесува 47 билиони километри.

Со модерната технологија би ни требале илјадници години да стигнеме само да најблиските ѕвезди.

Нашата галаксија, заедно со 50-тина други, припаѓа на локалната група галаксии, а гравитацискиот центар е некаде помеѓу Млечниот пат и Андромеда. Овој регион од вселената има дијаметар од околу 10 милиони светлосни години.

Заедно со други галактички јата тоа формира супер-јато, а такви има 10-тина милиони во вселената… Тоа не е целата приказна и таа оди понатаму до незамисливи големини и структури во вселената кои не би можеле да ги посетиме дури ни со помош на теоретските концепти или фантазијата, а да не зборуваме за практичните решенија.

За да дознаете повеќе погледнете го видеово:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *