Непостојаноста на дигиталниот свет

Во источната филозофија и будизмот постои еден концепт наречен „непостојаност“[1], а во античката западна филозофија истото го поистоветуваме со Panta Rei на Демокрит „Мрачниот“ што го преведуваме со „сѐ тече, сѐ се менува“. Во модерната поп-митологија на овие два концепти се надоврзува популарното “Seize the day”[2] или „Carpe Diem“[3] кое го преведуваме со формата „искористи го денот“. Сите овие кондензирани филозофии кои го нашле својот пат во популарната култура преку т.н. one-liners, според американската терминологија, го содржат истиот будистички корен на постојаното менување, немирот и инхерентната особина на вселената да биде во постојано движење. 

[…]

Откако ја најдовме врската помеѓу индиската филозофија и науката, се навраќаме на концептот на непостојаноста во секојдневието, идејата  за минливоста која при секој обид да ја фатиш ти се лизга од рацете како влажен сапун. Сите овие горе наведени прашања ми се наметнаа неодамна во еден обид да направам архива на текстови по медиумите за моите дела откако активно објавувам проза, со моето име неколку години, а под псевдонимот Бранко Прља и подолго, веќе 15 години. Со години се обидував да го сторам тоа, но секој пат си велев друг пат, делумно зашто станува збор за здодевна, архивска и донекаде, самољубива постапка. Кој сум јас да правам архива на текстови за себе? Но, ете да речеме, дека од практична причина ми била потребна една таква архива.

На мое чудење, наскоро станав свесен дека голем дел од текстовите кои порано ги сретнував онлајн веќе никаде ги нема. Дел од нив исчезнале со гасењето на медимите како „Утрински Весник“, „Денес“ и слично, но и друг дел кој би требало да постои по други медиуми како „Нова Македонија“, исто така го нема. Веројатно, со апдејтување на нивните сајтови и бази, и тие исчезнале во тој процес. По сите обиди, дури и за текстови од пред само неколку години, морав да се откажам. Дел од нив ги најдов во печатен формат и тоа ме натера да размислувам за непостојаноста на дигиталниот свет, оној свет составен од единици и нули, ласерски, магнетски, електронски записи врз медиум, а со тоа и за непостојаноста на светот воопшто, повторно составен од електрони и  протони, неутрина и кваркови.

[…]

Реалниот, макро-свет, за среќа е малку поразличен и тука со резерва може да ги прифатите нашите почетни тези за минливоста барем кога станува збор за архивирањето податоци. Во макро-светот ние претставуваме само реализација на можностите кои постојат во микро-светот, според што на извесен начин тие принции и не важат за нашиот свет. Што значи тоа практично? Како прво, тоа значи дека весникот каде што сте дале интервју пред 12 години нема да се самозапали, а книгата која сте ја издале во печатена форма најверојатно ќе биде зачувана и по 100 години. Секако, сите овие работи не се вечни, може да се изгубат или да се уништат на безброј начини, но нема спонтано да исчезнат. Затоа, повремено потсетете се да си ги испечатите сликите, да напишете по нешто на хартија и да го сочувате весникот кој содржи драг спомен или битна информација. А во меѓувреме – „Carpe Diem!“.

Текстот во целост можете да го прочитате тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *