3Д принтани черепи!

Науката постојано напредува и спроведува нови возбудливи истражувања кои ни пружаат увид во универзумот, светот на атомите или во случајов… во главата на глувците!

Истражувачите од универзитетот во Минесота со прецизна оперативна постапка замениле череп на глувче со идентичен 3Д-испечатен проѕирен череп.

Со ова се овозможува увид во мозочните процеси на глувчето во реално време и тоа изгледа вака:

Оваа направа која ја нарекуваат See-Shell („симпатична“ игра на зборови – особено во случај кога се работи за глувчето на Франкејнштајн) ќе омовозможи нов увид во функционирањето на мозокот. Научниците особено ги интересираат состојбите како потресите на мозокот (од значење за истражувањето на потресите на мозокот кај контактните спортови како рагби, бокс или ММА) или Паркинсоновата болест. Научната студија може да ја прочитате тука.

Претпоставуваме дека глувчињата, освен со козметичката операција која ќе им „подари“ проѕирен череп, темелно ќе бидат „наградени“ со удари по глава.

Но, сѐ за напредокот на човештвото, нели!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *