Астрономија и поезија

Марија Попова е бугарска литературна критичарка и блогерка која живее и работи во Њујорк.

Нејзиниот блог BrainPickings.org е еден од најуспешните сајтови кои се занимаваат со литературата, но и пошироко со прашањето „што значи да се биде човек и кои се универзалните нешта кои нѐ поврзуваат“. Одговорот честопати доаѓа во форма на цитати од различни писатели, нивните интимни преписки, исповеди или фотографии.

На некој начин, овој блог наликува на дневник или споменар на девојче кое ги запишува убавите мисли на нејзините идоли од светот на литературата. Сепак, честопати се среќаваме со дела на други уметници или научници, едноставно луѓе чии мисли е вредно да се запомнат.

Во тој контекст интересно е да се спомнат и настаните како “Universe in Verse” организирани од BrainPickings.org, кои ја спојуваат науката и поезијата на интересен начин.

Иако проектот на Марија веќе не е само нејзин, се работи за еден тим од експерти, сепак тонот е останат ист – интимен, исповеден, длабоко човечки и тоа е она што најмногу плени на овој сајт.

Вреди да го посетите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *