Зошто се пилињата толку евтини?

Постојат околу 23 милијарди пилиња на светот и тоа ги прави десетократно најбројни од сите видови птици на планетата. На една фарма може да има и до 50.000 пилиња кои ги контролираат два компјутери и двајца луѓе.

Припитомени се пред 8.000 години, но во 1940-тите бил создаден супер-видот пилиња (читај: хормонално пореметени пилиња) – брзорастечки и големи со поволни цени, а денес се 4 пати поголеми од тогаш!

Денес пилињата кои се одгледуваат како храна растат побрзо и се поголеми отколку порано, а нивниот животниот циклус е сосема предодреден и зависен од технологијата (вештачка топлина, светлина и храна), и трае само 39 дена. Истиот циклус на фармата се повторува 8 пати годишно за да се добие, како што вели фармерот од видеото: „Производ кој сакате да го купите.“

Ако животниот век од 39 дена ви се чини како суров, да видиме што би се случило ако некоја од овие птици не ја дочека судбината на ножот, туку се остави да живее. Прво, нивните тела не би можеле да го поднесат брзиот раст, а нивните органи би – експлодирале! Бидејќи се генетски многу слични и се хранат со иста храна, тие се многу подложни на болести кои лесно се шират – ако една птица се разболи, сите ќе се разболат. Јасно тоа се решава со антибиотици и други хемикалии.

Денес фармерите во светот се враќаат 100 години наназад и се решаваат на органско или слободно одгледување на пилиња, кои така живеат подолго и помалку се разболуваат, но секако тоа има цена – поголема цена во супермаркетот. Останува да размислиме и да се потсетиме на поговорката „Ти си тоа што го јадеш“.

ПС: Сега конечно знаеме кој е одговорот на прашањето: „Are you chicken?“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *