Што можеме да научиме од Руанда?

Во 1990-тите години во Руанда, слично како во Југославија, имаше војна која однесе многу животи. Филмот Hotel Rwanda, иако делумно фиктивен, e интересен документ за тој период од историјата на Руанда.

Но, денес Руанда е 15-та економија со најбрз раст во светот со јасна мисија – да стане Сингапур во Африка. Како дошло до тоа и што значи тоа?

19-от век се смета за век на Велика Британија, 20-от за век на САД, а 21-от за век на Азија. Денес Азија го носи светскиот поредок и една од земјите кои предничат во тоа е Сингапур. Трета најбогата, трета најмалку корумпирана и трета најдолговечна држава во светот. Пред 60 години економијата на Сингапур изнесувала околу 700 милиони долари, а денес е 320 милијарди долари. Од неразвиена земја, станала развиена земја за време на еден животен век.

Претседателот на Руанда прогласил дека сака неговата земја да стане Сингапур на Африканскиот континент. Сепак, успехот има цена. Дознајте повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *