Алгорејв – кодирање музика во живо!

Алгорејв не е јапонски оброк од алги, туку вид рејв забави на кои диџеите создаваат музика со помош на алгоритми. Наместо да скречаат плочи или да користат секвенцери, овие модерни диџеи пишуваат кодови кои генерираат звуци и ритами сред журката, а посетителите го гледаат кодот проектиран на ѕидовите од просториите!

За т.н. Algorithmic Art се зборува веќе подолго време, а уметничките дела создадени од алгоритми, т.е. вештачка интелигенција веќе почнаа да се продаваат на светските аукции за големи пари. Дури ни “Live-coding” забавите не се нов феномен и прашањето е колку таа музика воопшто се разликува од обичната електронска музика, но сепак се работи за интересен модерен концепт. Проценете сами.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *