Орвил – Ѕвездени патеки за новата генерација

Возбудливо, хумористично и (на моменти перверзно) откачено како што само Сет Мекфарлејн (Seth MacFarlane) знае – од сите продолженија на Ѕвездени патеки (Star Trek) ова најмногу потсетува на „Новата генерација“ (TNG)! Серијата ја има истата семејна атмосфера на вселенското семејство истражувачи која пленеше генерации млади кои растеа во раните 90-ти години од минатиот век.

Всушност, The Orville е Star Trek: The Next Generation за новата генерација!

Но, малку познат факт е дека глумецот кој го глуми Gordon Malloy, црвенокосиот искусен пилот (и шармер во слободно време) имал епизодна улога во Ѕвездени Патеки: Новата генерација – пред 25 години!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *