
Левитацијата не е само мистичен трик за кој се расправа со векови, туку во денешнината е реалност. Секако не се работи за остварување на познатата шега на Нил Тајсон.
Имаме слушнато за левитација со помош на одбивната сила на магнетите, но левитација со помош на светлината е нов концепт.
Иако сѐ уште се работи за теоретски концепт и намерата е да се применува на вселенски летала, сепак се работи за интересна идеја која самиот автор, истражувачот Огњен Илиќ, ја споредува со левитирање на пинг-понг топче со помош на фен, а тоа сме го правеле сите како деца!
Се разбира, далеку сме од хавербордот на Марти Мекфлај, но никој не може да нѐ спречи да сонуваме.