Еднаш на дивиот Холивуд!

Тарантино е незаменлива машина за цитати уште од 1994 година и нема намера да сопре. Иако неговите филмови со годините станаа посериозни и помалку наликуваат на стрипови, сепак е единствен и незаменлив режисер со сопствен печат врз светската кинематографија. Ниту еден друг режисер не ја претставил на светот толку веродостојно т.н. Американа како Тарантино.

Во новиот филм Once Upon a Time In Hollywood е претставена Америка на преминот од 60-ти во 70-ти години и таа не изгледала никогаш толку добро како во овој филм.

Тоа што изненадува не е одличната актерска екипа со Леонардо Ди Каприо и Бред Пит на чело (како што велат некои, како Меси и Роналдо да играат за еден тим), туку реинкарнацијата на легендата Брус Ли!

Тарантино би требало да се прогласи за национално богатство и да се заштити со американскиот закон, а секоја друга нација може само да посака да има таков уметник кој на веродостоен и интересен начин ќе ги претстави елементите на нејзината култура на светско ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *