Една недела во виртуелната реалност!

Виртуелната реалност беше „ин“ во 90-тите години од XX век. Тогаш сонувавме дека до крајот на векот секое дете ќе биде приклучено на машина за виртуелна реалност и тоа ќе биде крајот на светот каков што го познаваме.

Кон тие идеи придонесе популарноста на сајберпанк движењето, книгите на Вилијам Гибсон и филмовите и сериите како Диви палми. (Wild Palms, 1993). Во тоа време вистинската виртуелна реалност наликуваше на спот од Dire Straits.

По пауза од речиси две децении виртуелната реалност почна да се враќа на голема врата, со машините како Oculus Rift или со можноста од вашиот телефон да направите ВР очила.

Квалитетот денес е секако подобар за разлика од претходните децении, но што значи тоа за перцепцијата на реалноста и нашиот однос кон неа? Еден откачен истражувач поминал цела недела со ВР очила и според него тоа ќе биде сосема вообичаена работа во иднината.

Прочитајте повеќе тука за неговите искуства од овој необичен експеримент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *