Bill & Ted 3, dudes!

Го чекавме со години и сега конечно (веројатно, сигурно?) ќе стане реалност. Бил и Тед 3, продолжение на претходните кои добија култен статус.

Кој може да ги заборави цитатите како: “EXCELLENT!” (по кое следи воздушно гитарско дуо), “69, dudes!”, “Whoa!” и легендарниот Џорџ Карлин со “Be excellent to each other!”

Според овие филмови Наполеон е „низок, мртов тип“ (a short, dead dude). Џингис Кан е „типот кој пред 700 години ја направил партали Кина“ (a dude who, 700 years ago, totally ravaged China…), Цезар е „типот од преливот за салата“ (a salad dressing dude), Јованка Орлеанка е жената на Дедо Ное, а мачењето во Iron Maiden е одлично! И што би имал да додаде Абрахам Линколн освен: „PARTY ON, DUDES!“

Останува да почекаме и да видиме дали третиот дел ќе остане верен на претходните во филозофијата „глупост заради забава“ .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *