5G е иднината… денес!

5G технологијата предизвикува многу контроверзии, од коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, до предвидувањата дека од сите нас ќе направи манџуриски кандидати (The Manchurian Candidate, 1962). Алекс Џоунс секако знае две-три работи за тие нешта.

Но, оптимистички се предвидува дека 5Г ќе има огромна улога во секојдневниот живот. Сепак, за да се оствари тоа освен телефони потребна е и 5Г инфраструктура.

Но, што по ѓаволите е „џи“? Едноставно, G е скратено од „генерација“. 1G е технологија која овозможува пренос на зборување, 2G е за текстуални пораки, 3G е за мултимедијална поддршка и видео-чет, а 4G додаде брзини до 100 Mbps. 5G предвидува брзини кои ќе се натпреваруваат со оптичките кабли и ќе бидат до 100 пати побрзи од досегашните.

Тоа ќе овозможи комуникација помеѓу апаратите без доцнење или во реално време, што е многу значајно за самоуправувачките автомобили или во полето на роботиката и виртуелната реалност.

Погледнете повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *