Безжична струја

Никола Тесла правел експерименти со безжичен пренос на енергија пред повеќе од 100 години. Исто така, тој предлагал системи за безжичен пренос на енергија до домовите и за искористување на природната енергија од планетата Земја, а со тоа и обезбедување на бесплатна енергија за целиот свет!

Во 1901 тој предложил Светски безжичен систем за пренос на енергија и информации, но неговите обиди завршиле со неуспех и банкротирање (некои мислат и дека бил саботиран поради природата на експериментите и нивната импликација – бесплатна енергија).

Денес, кога живееме во свет на безжичен пренос на информации, сонот за безжичен пренос на енергија на далечина останал неостварен. Но, што ако можеме да ја искористиме постоечката безжична мрежа (WiFi) за полнење на електричните апарати? Дознајте повеќе во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *