За квантните компјутери се предвидува дека ќе го сменат човештвото со толкава брзина и моќ што некои се плашат дека тоа нема да може да се контролира (како во примерот со вештачката интелигенција). Но, тоа е во далечната иднина… или не?
Научниците веќе прават пробиви во науката со помош на овие компјутери. Всушност, тим научници успеале да го вратат времето назад!
Но, импликациите не се временска машина и сценарио како од филмот Враќање во иднината (Back to The Future, 1985), туку се применливи за самите компјутери, квантната физика и разбирањето на времето.

Всушност, истиот тим научници пред неколку месеци направиле успешен експеримент со перпетуум мобиле, а потоа го нарушиле вториот закон на термодинамиката со направата наречена Максвелов демон.
Се чини дека квантните компјутери допрва ќе ја внесат науката во земјата на чудата.