Потекло на свесноста

Астрономите проценуваат дека денес „познаваме“ само 4% од универзумот, а другите 96% се составени од темна материја и темна енергија. Но, универзумот е премногу голем и тежок за проучување, па тоа е разбирливо.

Од друга страна, океаните покриваат 70% од нашата планета, а истражени и мапирани се само 5%. Сепак, тие се премногу длабоки и во нив владеат екстремни услови.

Но, се разбира дека она што ни ги овозможува сите овие откритија (колку и да се мали процентите, откритијата се големи), нашиот апарат преку кој го спознаваме светот – мозокот, сигурно е испитан во најситни делчиња! Одговорот и на ова поле е дека процентите се повторно мали.

Секако, не зборуваме за популарниот (и сосема неточен) мит дека користиме 10% од мозокот, туку за нашите сознанија за него. Мозокот е сѐ уште мистерија, како и начинот на кој функционира свеста.

Уште од настанувањето на филозофијата луѓето се обидувале да дадат одговор на овие прашања, а еден од поинтересните модерни теоретичари, математичарот и филозоф Роџер Пенроуз (Roger Penrose) има изнесено интересни теории за потеклото на свесноста.

Во поновите истражувања се откриени и нови начини на кои невроните комуницираат, па дури и нови видови нервни клетки, а квантната физика можеби ќе даде нови одговори за тоа како функционира свесноста на субатомско ниво.

Во видеото подолу на интересен и информативен начин се расправа за зачетоците на свесноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *