Компјутери за одгледување храна

„Повеќе евтина храна“ е мотото според кое се води агрикултурата под притисокот на консумеризмот. Но, зарем не треба на прво место да бидат хранливоста и грижата за човековото здравје и за околината!?

Сепак, луѓето се освестуваат, сѐ повеќе (дури и во нашата средина) потрошувачот се прашува „од каде доаѓа хранава и колку е добра за мене?“ Тоа се клучните прашања кои требаше одамна да ги поставиме, но транзицијата во која се занимававме со некои поинакви прашања не ни помогна многу.


Истражувачите во развиените земји работат на т.н. компјутери за храна (food computers), контролирана средина во која се одгледува храната. Климата и условите можат да се програмираат, а дизајнот и сѐ што ви е потребно за изградба на таков компјутер се достапни онлајн (open source) и тоа бесплатно!

Одгледувањето храна според создавачите на овој концепт не смее да биде затворено и резервирано само за производителите, туку отворено за сите.

Open Agriculture Initiative постои од 2015 година и ја користат луѓе од целиот свет. Особено е погодно за истражувачи кои сакаат да ги разберат растителните видови подобро и на природен начин да ги искористат нивните вродени својства. Во одредени услови тие својства не можат да дојдат до израз, но со помош на компјутерите за храна можат.

Иднината на одгледувањето храна е пристигната!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *