Нови електрични автомобили

Електричните автомобили не се новост. Во 1884 година, 20 години пред познатиот Ford Model T, Томас Паркер (Thomas Parker) го направил првиот комерцијален електричен автомобил со батерии кои можеле да се полнат.

До крајот на векот и кон почетокот на XX век, електричните автомобили биле поевтини за производство, поудобни и и полесни за управување од тие на фосилни горива. Освен тоа, биле и побрзи – во 1899 година била пробиена бариерата од 100 км/час со електричен автомобил!


Потоа настапила ерата на возила на фосилни горива, но со новите трендови на грижа за околината тие стануваат се помалку популарни за сметка на новите електрични возила.

Погледнете го видеото за да видите некои од новите трендови на Саемот за автомобили во Женева кога станува збор за електрични возила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *