100 години научно-фантастични дела!

Сите фанатици на научната фантастика обединете се! Всушност, веќе се обединети на The Science Fiction Concept Corpus… Оваа „мрежа“ го користи Goodreads како основа според која прикажува илјадници дела напишани од 1900 година до денес и ги дели според категории, критики и тагови. Ќе се сретнете со интересни тематски анализи, статистики и препораки за книги.

На пример, 43% од научно-фантастичните хорор книги се сместени во вселената, или во 1950-тите се пишувало најмногу за вонземјани, а денес за истражување на вселената.

Исто така, интересни се фактите дека најчитани НФ книги, според децении, од 1900 наваму биле: Волшебникот од Оз, Метаморфоза, Степскиот волк, Прекрасниот нов свет, 1984, Фаренхајт 451, Брчки во времето, Автостоперски водич низ галаксијата, Алхемичарот, Давачот, Игрите на гладните: Раѓањето на огнот и Дивергент.

Само од оваа листа можеме да извлечеме заклучоци за тоа како се менувала читателската публика, преку книги кои ја истражуваат човековата психологија, кон стравот од непознатото, но и негово истражување, кон последните книги на листата кои, иако се работи за тинејџерска научна-фантастика, укажуваат за суштинска желба за промена на општеството кон подобро.

Иако ниту еден научно-фантастичен филм во историјата не добил Оскар, тие продолжуваат да ја маѓепсуваат публиката и заслужуваат внимание зашто зборуваат за нашите надежи, соништа и желби за тоа каква иднина посакуваме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *