Среќен роденден Интернет!

Колку е стар интернетот? На 12 март 1989, пред точно 30 години, Тим Бернерс Ли го измислил интернетот (поточно на WWW или World Wide Web) со неговиот предлог во CERN: Information Management: A Proposal. Подоцна тој го создал и ја имплементирал првата комуникација помеѓу HTTP (Hypertext Transfer Protocol) клиент и сервер преку интернетот.

A circles and arrows diagram relating concepts discussed in the paper

Од тогаш до денес интернетот стигнал далеку, на почетокот користен само за размена на информации, а подоцна сметан за најголема библиотека на светот и информациски супер-автопат. Денес има 4 милијарди корисници (50% од Азија од кои 1 милијарда се од Кина), со 4 милиони постови на блогови, 500 милиони твитови, 5 милијарди пребарувања на Google и 350 милиони домејни.

Погледнете некои тековни интернет статистики од кои ќе ви се сврти во главата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *