Нови хоризонти на Сончевиот систем

Пред неколку години Нови хоризонти пролета покрај Плутон (секако знаете дека според оваа поранешна планета е именувано кучето од цртаните на Волт Дизни, а не обратно) и откри многу нови работи за овој мал свет. На пример, откритието дека има многу помалку кратери на површината на Плутон и неговиот сателит Харон отколку што се очекуваше. Сега леталото е во посебна мисија за откривањето на тајните на Кајперовиот појас.

Една од нив беше и посетата на Ултима Туле (прекар со значење „надвор од познатиот свет“), откриен во 2014 и избран како примарен и најдалечен објект посетен од човечко вселенско летало. Со посетата е откриено дека всушност се работи за две споени вселенски тела  (Ултима и Туле) кои се вртат како пропелер.

За разлика од астероидниот појас кој ни е доста близок, Нови хоризонти ќе го истражува далечниот Кајперов појас уште најмалку две години, па ќе имаме можност да видиме голем број изненадувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *