Уште од 1610 година кога Галилео прв ги видел сателитите на Јупитер (и со тоа ѝ задал смртен удар на Геоцентричната теорија според која Земјата е центар на вселената и сите вселенски објекти кружат околу неа), овие сателити не престанале да ги фасцинираат астрономите.
Ниту филмската индустрија не е имуна на шармот на овие „месечини“.
Ова видео ни открива некои од тајните на сателитите на Јупитер.