SpaceX лансира капсула за транспорт на луѓе во вселената

Капсулата се вика Crew Dragon, но не си ги пакувајте уште работите за селење на Меѓународната вселенска станица, зашто капсулата е во фаза на тестирање.

Таа во иднина ќе биде клучна за NASA за приватните летови кон и од станицата. Засега единствениот патник беше кукла за тестирање наречена Ripley. Не знаеме дали името е преземено од главниот лик во филмот Alien (1979), но се надеваме дека патниците на патот нема да фатат некој вселенски вирус!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *