„Уметноста на војувањето“ (The Art of War) е можеби втората најспоменувана книга во холивудските филмови по „Хамлет“ од Шекспир. Се разбира, како и секоја добра книга, овие две допираат до архетипските, безвременски аспекти на човечката психологија, и тоа ги одржува актуелни.
Лесно можеме да замислиме лик од филм, да речеме бизнисмен, кој се води според некој од цитатите од „Уметноста на војувањето“:
Врвната уметност на војната е да го покориш непријателот без борба.
Ако го знаеш непријателот и се познаваш себе си, не треба да се плашиш од резултатот од битката.
и најпознатата:
Секоја војна се засновува на измама.
Еве и илустрација на основните начела од оваа книга преку примери на владетели од историјата.