Повторен судир на Титаните!

Наместо да го гледате новиот филм Гневот на титаните (Wrath of the Titans, 2012) или неговиот претходник Судирот на Титаните (Clash of the Titans, 2010), погледнете го стариот Судирот на Титаните (1981).

Ефектите од денешна гледна точка не се толку сензационални, иако за времето биле врв на технологијата, бидејќи се работи за дело на култниот Ray Harryhausen кој влијаел на цела плејада режисери. Сепак, приказната и начинот на којшто е раскажана лесно ќе ве вовлече во светот на грчките божества, полубожества и интригите помеѓу главните супер-херои на Олимп.

Како и на политичките врвови од историјата и сегашноста, така и помеѓу божествата постоеле измами, се воделе скриени борби, се подметнувале тактички сопки. Борба на Титаните (1981) ќе ве плени со акција и драма, а авантурите на Персеј се проследени со доза на хумор и (се разбира) артистичка голотија, карактеристична за филмовите од 80-тите.

Related image

Ако ги изгледате и споредите стариот и новиот Судир на Титаните ќе разберете дека новите „римејкови“ освен заслепувачките ефекти кои предизвикуваат фотосензитивна епилепсија и чудовишта кои се излезени од, се чини, иста фабричка лента на кошмарите, заедно со звучните ефекти на beat-drop кој доминира со музиката и филмот на денешнината, ќе заклучите дека стариот е уметност, а новиот… новиот би можела да го направи и вештачка интелигенција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *