Подземна вода на Марс

Водата е живот, нели? Научниците одамна претпоставуваат дека на Марс има вода. Уште во 1784 германско-англискиот астроном Вилијам Хершел (William Herschel) поради поларните покривки од мраз шпекулирал дека постои живот на Марс. Подоцна Персивал Лауел (Percival Lowell), американски астроном и бизнисмен, ја развил теоријата за каналите за наводнување на Марс и на таа идеја се засновани сите понатамошни верзии на „Марс напаѓа“!

Во науката е прифатено дека на Марс имало вода, но таа испарила или пропаднала во почвата. Но, проблемот е во доказите. Од геоморфолошки испитувања се гледаат долини на некогашни реки и езера. Но, со новите докази се претпоставува дека постојат големи подземни системи на вода, можно и езера во кои има живот!

Останува да следиме што се ќе ни откријат бројните мисии на Марс во следните години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *