Бионички печурки!

Кој правел батерија од компир во основно училиште!? Во видеото подолу, сепак не се зборува за компири, но принципот е сличен.

На кратко – печурките се биосистеми за бактерии, а бактериите произведуваат слободни електрони. Научниците нашле начин тие електрони да ги спроведат и да направат струја!

Така создале биофотоволтажна клетка – или жив соларен панел! Печурката овозможува поволна средина за развој на бактериите, а истите се 3Д испечатени како „био-мастило“ со одредена форма која одговара на подлогата (печурката) заедно со графенот, кој во случајов претставува „електро-мастило“.

Графенот ги пресретнува електроните кои ги создаваат бактериите и – ете, прави мала електрична струја.

Но, зошто да застанеме на печурките!? Секое растение на кое живеат такви бактерии може да произведе електрицитет. Замислете, наместо ламба… фикус кој не троши струја, а свети!

Поприродна енергија – здравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *