Ако никој не се согласува со тебе – во право си!

Интересно предавање на тема „што е вистината?“. Точниот одговор е дека нема вистински одговори. Предавањето во линкот подолу започнува со анегдота во која Ајнштајн на студентите две години по ред им давал исти прашања по физика кога предавал на Универзитотот во Оксфорд. Кога го прашале зошто ги дал истите прашања, Ајнштајн рекол: „Одговорите се сменети.“

Како во физиката и науката општо, и во животот одговорите постојано се менуваат. Можеби ако тврдите нешто поинаку од сите други, проблемот не е во вас!? Погледнете го предавањето, може да дознаете нешто ново… или можеби старо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *