Познато е дека од елементите кои постојат во периодниот систем, само хелиумот може да се создаде во нашето Сонце. Од каде тогаш потекнуваат другите елементи? Одговорот е – од другите ѕвезди! Поточно, тие настануваат во експлозиите на ѕвездите наречени супернови.
Историјата на периодниот систем, кој оваа година слави 150 години, е подеднакво фасцинантна и потекнува од напорите на Менделеев да направи учебник во кој ќе ги собере и опише сите дотогаш познати елементи. Пишувањето учебници, инаку, му било „тезга“ поради финансиските проблеми.
Во првиот том кој го завршил во 1868 напишал опширно за првите 8 елементи (од 63 познати), но потоа се соочил со практичен проблем да ги собере сите преостанати елементи во другиот том, што било невозможно…. освен ако не ги систематизира и групира според својствата – и токму тоа го направил!
Генијалноста на Менделеев особено се гледа во тоа дека оставил празни места според атомскиот број на елементи кои допрва ќе бидат откриени и ги предвидел нивните својства.
Повеќе за фасцинатната приказна за периодниот систем дознајте тука.
Во ова видео детално е опишан процесот преку кој Менделеев успеал да дојде до неговиот познат периоден систем и со какви предизвици се соочил, навистина интересно!