Машина за соништа!

Некои луѓе зимно време сакаат да заспијат со звукот на „термо печката“ која ја загрева собата или кога е потопло со звукот на клима уредот, додека на други им се приспива кога ќе го слушнат вентилаторот, фенот или дури и правосмукалката, а трети заспиваат штом забрмчи автомобилот во кој се возат. Независно од тоа на кој од овие „спијачи“ припаѓате, сите овие видови бучава имаат исто име – бела бучава (white noise).

Терминот произлегува од дефиницијата на светлината како бела, иако во неа се содржани сите различни бои кои „измешани“ ја даваат белата боја. Тоа е прв пат научно дефинирано (иако светлината била проучувана уште од античките филозофи) од страна на Исак Њутн во неговите испитувања со призмите и запишано во една од неговите револуционерни книги „Оптика“.

Технички терминот произлегува од фактот што на пример ако слушаме еден или двајца луѓе како зборуваат ги распознаваме гласовите, но ако илјада луѓе зборуваат гласовите губат значење и стануваат „бела бучава“. Тоа важи и за апаратите.

Низ годините се јавија различни апарати за бела бучава, но овој е најкул досега!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *