Кога ќе направиме база на Месечината?

Уште од делото на Жил Верн „Од Земјата до Месечината“ издадено во 1865 година, човекот сонува да отиде на Месечината и потенцијално да направи база таму. Голем е бројот на научно-фантастични дела кои оттогаш зборуваат за патот кон Месечината и животот таму.

Во реалноста, патот кон Месечината станал возможен во ерата на Студената војна и Вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз. Тогаш со големо уверување се зборувало за бази на Месечината до крајот на векот или во раниот 21 век. Но, со распаѓањето на Советскиот сојуз и падот на социјализмот, умреа и соништата за животот во вселената.

Денес, во модерната ера постојат сѐ повеќе нации кои порано не биле способни за правење вселенски летала. Вселенската трка, а со тоа и соништата за бази на Месечината, па и на Марс, се враќаат на голема врата. Но, колку сме навистина блиску до остварување на тие соништа?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *