Свесно сонување – благодет или опасност!?

„Свесно сонување“ (lucid dreaming) е термин со кој се сретнав прв пат во книгите на Карлос Кастанеда. Неговите книги се магични, и воедно патешествие низ магијата на американските Индијанци. Понекогаш застрашувачки, а честопати романтичен, „патот на срцето“ кој го проповеда Кастанеда довел до цело едно Њуејџ (New Age) движење и комерцијализација преку Tensegrity движењето.

Кастанеда денес е прогласен за измамник, а „свесното сонување“ не е магија или мистика, туку реалност која е далеку од соништата на Карлос Кастанеда. Се работи за техника која ја применуваат многу луѓе.

Во техниката на „свесно сонување“ терминот „Вашите соништа може да станат реалност“ добива сосема поинакво значење од вообичаениот „американски сон“. Тука соништата буквално стануваат реалност затоа што ги доживувате така. Токму како во филмот Тотален отповик (Total Recall) тие се имплантирани во вашата меморија, но не од надвор, туку од страна на вашата сопствена психа, која ги доживува соништата како реални.

Во оваа статија научниците ја истражуваат практичната примена на т.н. „свесно сонување“. Но сепак, мораме да напоменеме дека постои една сериозна опасност на која би требало да се предупреди и да се напише со големи (не ситни) букви – овие искуства се толку моќни што може да станат некој вид дрога во која реалноста станува непотребна.

И тогаш, како во, за времето футуристичкиот, филм До крајот на светот (Until the End Of The World) на Вим Вендерс (Wim Wenders) – станувате заробеник на сопствените соништа!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *