Роботи писатели напаѓаат!

William Seward Burroughs I во 1885 измислил машина за сметање. Неговата компанија основана во 1886 година, сто години подоцна станала компјутерската компанијата Unisys која била на врвот на компјутерската индустрија во однос на компјутерски услуги и технологии за голем број бизниси од приватниот и јавен сектор.

Внукот на Вилијам Бароуз, со исто име и презиме, е култниот американски (бит) и постмодернистички писател кој извршил влијание на цела генерација писатели кои дошле после него. Освен што бил прочуен излечен зависник од дрога и заплеткан во случај на ненамерно убиство на неговата сопруга, Бароуз го популаризирал инвентивниот начин на пишување, наречен кат-ап техника, кој го измислиле Дадаистите.

Рецептот на Бароуз за кат-ап е ваков: напиши нешто и исечи го на пасуси и делчиња. Потоа исечи други делчиња и пасуси од други автори и измешај ги сите. Нареди ги по случаен избор. И ете!

Но, ако тоа ви се чини како премногу работа, пробајте го овој онлајн генератор на кат-ап текстови, наречен Cut-Up Machine.

Според Бароуз „јазикот е вирус,“, а кат-ап техниката, за разлика од традиционалната литература, дава увид во иднината. Сето тоа нѐ упатува на прашањето: „Што би било кога машините би можеле да пишуваат текстови и книги и колку тоа би било веродостојно?“

Сепак, не зборуваме за иднината – технологијата во која машините пишуваат текстови, вести и извештаи е веќе реалност!

Еве како вештачката интелигенција пишува во стилот на книгите за Хари Потер. Прочитајте повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *