Многу често се зборува дека печките на пелети се „почисти“ од обичните печки, но никој не кажува колку.
Сакав да истражам подетално за овој проблем и по малку „копање“ на интеренет меѓу другите ја најдов оваа данска студија која ми се чини многу солидно направена.
Според оваа студија печките на пелети загадуваат 5 пати помалку од најмодерните и најеколошки печки на дрва.
- Печките на пелети загадуваат 10 пати помалку од постарите еколошки печки на дрва.
- Печките на пелети загадуваат 32 пати помалку од старите неколошки печки на дрва
Тоа е се супер но колку загадуваат во однос на природниот гас или во однос на автомобилите и камионите?
- Печките на пелети загадуваат 5 пати повеќе отколку стар камион.
- Печките на пелети загадуваат 580 пати повеќе отколку печка на природен гас.

Логиката е многу јасна – што е поцврсто горивото тоа повеќе загадува.
Само природниот гас е единствено чисто гориво!
Нормално, сите работи што гораат ослободуваат CO2 и затоа ни требаат повеќе алтернативни извори на енергија како: сончеви панели и турбини на ветер.