Дај име на сателит на Јупитер!

Јупитер има 12 нови природни сателити и сега нивниот вкупен број е 79! Всушност, тие си биле таму од поодамна, но ние ги откривме минатата година. И сега кога потпораснаа малку треба да им дадеме име.

Image result for jupiter

Зошто ние? Ниту сме ги откриле, ниту сме научници! Е па, IAU (International Astronomical Union) со моќта на интернетот секому му дава шанса да предложи име до 15 април 2019. Има неколку услови, прво треба да имате Твитер сметка и да го твитнете вашиот предлог на @JupiterLunacy со таг #NameJupitersMoons.

Сателитите на Јупитер се именувани според старогрчката или римската митологија со имињата на потомците или љубовниците на главниот бог Јупитер/Зевс. А познато е дека тој имал богат љубовен живот, па имаме доста материјал!

Има уште неколку правила, сите сателити кои кружат во насока на Јупитер завршуваат на „а“, а тие кои се движат обратно на „е“ и имињата не смеат да бидат навредливи кон другите култури, што само по себе не е лошо правило, но сведочи за силата на движењето на политичка коректност, штом се меша и во вселената!

Еве ги сите правила, и успешно крстење, пардон – именување!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *