Free Solo доби Оскар!

Текстов ни стоеше на „лагер“ некое време, но го објавуваме денес бидејќи документарецот Free Solo доби Оскар, и навистина заслужува!

Ако од овој филм не ви се испотат дланките, тогаш нешто не е во ред со вашата амигдала! Фасцинантен филм за патешествието на еден нетипичен лик, човек опседнат од планинарење и надминување на стравот, но пред сѐ од мисијата за постигнување на највисокото ниво.

Тој не е daredevill, во неговото лудило има метод, а тоа е повторување и вежбање до совршенство. И тогаш, најстрашното станува обично, барем за него, а во очите на светот е секако величествено.

Алекс не е само планинар, тој има и непрофитна организација со која помага да се решат проблемите во сиромашните земји, се грижи за екологијата, тој не јаде месо и живее во приколка со која патува насекаде. Третина од неговиот годишен приход го дава во хуманитарни цели. Алекс е прекрасно (чудно) човечко суштество!

А филмот? Филмот го доловува неговото постигнување на величествен начин!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *